Хедира ќе се врати на терените за еден месец

Сами Хедира, играчот за врска на Јувентус, ќе мора да паузира еден месец откако вчера му се појавија проблеми со отчукувањето на срцето. Германецот утринава беше на третман кој мина успешно, но закрепнувањето ќе трае околу триесетина дена, како што информира медицинскиот тим на Јувентус, додека Макс Алегри нема да смета на него во следните шест натпревари.

Јасно е дека вечерва нема да биде во тимот против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, а многу веројатно ќе го пропушти и реваншот во Торино. Меѓу поважните мечеви кои Хедира ќе ги пропушти е и дербито против Наполи во Серија А.

Искусниот фудбалер сезонава често се наоѓаше на листата на повредени во таборот на Јуве, а одигра вкупно 15 натпревари на кои постигна два гола.

- Оглас -

Најнови вести