Кејн е гол-машина и во дресот на Гордиот Албион

Англија лесно дојде до трите бода против Бугарија по обедливиот триумф од 4-0. Сите четири погодоци на домаќините беа во режија на Хари Кејн. Голгетерот на Тотенхем запиша хет-трик, додека му асистираше на Стерлинг за третиот гол на средбата и практично сам ја донесе посакуваната победа на „Вембли“.

Со трите гола, Кејн успеа да направи нешто што досега му успеало само на екслегендата на Барселона и Тотенхем, Гери Линекер. Кејн успеа да постигне 25 гола за Гордиот Албион во 40 меча, Линекер во свое време постигна 27 гола на 40 дуели во националниот дрес.

Поради својот придонес, ѕвездата на Тотенхем не само што ја оправдува улогата на капитен во англиската репрезентација, туку и покажа зошто е меѓу најдобрите напаѓачи во Премиер лигата и Европа.

- Оглас -

Најнови вести