Во приказната има мал дел и за Македонија – Кејн и Сон ќе се најдат и мижечки во сон, заедно прославија топ-јубилеј (Фото)

Хари Кејн му асистираше еднаш на Хеунг-мин Сон за гол против Ајнтрахт во победата на Тотенхем од 3:2 во Лигата на шампионите, а еден од најдобрите тандеми во Европа прослави значаен јубилеј.

Прецизното додавање на Кејн кон Сон за 1:1 во 19-тата минута на вчерашниот меч во Лондон е вкупно 50-та асистенција на еден кон друг на офанзивното дуо на Тотенхем.

Од нив дури 43 асистенции на Сон кон Кејн и обратно се во Премиер лигата, две во Лигата на шампионите, исто толку на мечеви од ФА купот и по една асистенција во Лигата на Европа, Конференциската лига и во квалификациите за Лигата на Европа.

Токму единствената асистенција меѓу нив двајца во квалификациите за Лигата на Европа беше против тетовската Шкендија на 24 септември во 2020 година во Скопје, кога Сон му асистираше на Кејн за последниот гол во победата на англискиот тим од 3:1.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести