Кејн ја одигра најдобрата и можеби последна сезона во дресот на Тотенхем

Хари Кејн е Златната копачка во Премиер лигата за сезоната 2020/21, а и најдобар асистент. Репрезентативецот на Гордиот Албион со 23 погодоци и 14 асистенции ги собра индивидуалните награди, што се случува по третпат во историјата на највисокиот ранг на англискиот фудбал.

Пред него, ваков подвиг им успеа само на Ендру Кол во сезоната 1993/94 како играч на Њукасл и Џими Флојд Хаселбенк за Лидс во сезоната 1998/99.

Воедно, Кејн по третпат ја освои Златната копачка во Англија, влегувајќи во одбрано друштво со Алан Ширер и Тиери Анри како единствени трикратни стрелци.

Иако ова му е најдобра сезона во дресот на Тотенхем, се чини дека ќе му биде последна на Кејн со оглед на тоа дека побара да биде продаден во текот на летниот преоден рок, со цел да заигра за клуб со кој ќе може да освојува трофеи, нешто што му недостасува во кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести