Кејн: Прв пат да го видам „Вембли“ вака да грми

Хари Кејн беше човекот од одлука во дуелот против Хрватска на „Вембли“. Со голот кој го постигна во 85-тата минута за конечни 2-1, ја одведе Англија до полуфиналето на Лигата на Нации во сегментот А, а по мечот истакна дека никогаш досега не сведочел на атмосфера каква што беше на легендарниот стадион за време на пресметката против „коцкестите“.

„Сакавме сите да се гордеат со нас, заслуживме да триумфираме на оваа средба. Знам дека фановите сега ќе уживаат по оваа победа. Атмосферата на „Вембли“ беше неверојатна, никогаш досега не сум посведочил на вакво лудило на овој стадион. Покажавме карактер во важни моменти, не отстапивме од нашата игра и кога губевме. Претходно бевме разочарани што не ги искористивме сите шанси, но против вакви противници секогаш мора да се остане мирен. По СП во Русија верувавме дека можеме да продолжиме со добрите резултати и да бидеме уште подобри. Годината ја завршуваме онака како што посакувавме“, истакна Кејн по мечот.

- Оглас -

Најнови вести