Кејн се израдува на новиот тренер: Со Конте ќе атакуваме на титула

Антонио Конте пред неколку дена и официјално беше назначен за нов тренер на Тотенхем.

Тимот од Лондон се одлучи за искусниот и трофеен италијански стратег кој дојде на местото на Нуно Еспирито Санто, а еден од најрадосните за ваквата промена беше голгетерот Хари Кејн.

„Иако почетокот беше лош за нас, сега се надеваме дека можеме да освоиме трофеј со Антонио Конте, но, треба да одиме чекор по чекор и најпрвин да ја вратиме самодовербата“ изјави Кејн.

Хари Кејн во досагашниот тек на Премиер лигата има постигнато само еден гол, а неговиот тим утре ќе има тешка задача против Евертон во рамките на 11. коло од најсилната англиска лига.

 

- Оглас -

Најнови вести