Кејн застана рамо до рамо со Роналдо и Ѕола во една неважна статистика (видео)

Тотенхем славеше со сигурни 3-1 на гостувањето кај Шефилд јунајтед во мечот од 19-тото коло во Премиер лигата.

Гостите имаа предност од два гола по првите 45 минути благодарение на бекот Орие, како и офанзивецот Хари Кејн.

Англискиот голгетер со својот погодок застана рамо до рамо со Крисијано Роналдо и Џанфранко Ѕола како 18-ти фудбалер во Премиер лигата со најмалку 20 погодоци реализирани надвор од шестнаесетникот.

Шефилд во 59-тата минута за момент ја врати неизвесноста откако Мекголдрик намали на 1-2, а само две минути подоцна Ндомбеле постигна феноменален погодок за конечни 1-3.

Тотенхем сега е четврти на табелата со 33 бода, еден повеќе од Манчестер сити, додека Шефилд останува на дното со само пет бода.

- Оглас -

Најнови вести