Кејти Ледецки немаше пораз на 400 метри, сè до денеска

Адам Пити во полуфиналето на 100 метри градно го собори својот светски рекорд подобрувајќи го најдоброто време во историјата за 22 стотинки, а Британецот Пити утре има прилика својот рекорд да го урне и во финалето.

На првиот ден од пливачките натпревари на Светското првенство во водени спортови во Јужна Кореја се случи уште една сензација, Кејти Ледецки доживеа пораз, прв за неа на 400 метри на големите натпреварувања.

Ледецки само на 22 години веќе има 19 златни медали од Олимписки игри и Светски првенства, таа е рекордерка на трите најдолги трки во базен, а до денеска, не знаеше за пораз на 400 метри. Триумфираше 18-годишната Аријарн Титмус од Австралија, која во последните 50 метри докажа зошто има прекар „Терминатор“ и за 1,83 секунди побрзо ја мина таа делница од легендата Ледецки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести