Кен го „реши“ Милан, Јуве до победа преку пресврт

Јувентус со пресврт од 2-1 го совлада Милан во дербито од 31-то коло во Серија А. Избраниците на Макс Алегри на тој начин остварија двојна победа против „росонерите“, откако претходно славеа со минимални 1-0 на „Сан Сиро“.

Гостите подобро ја отворија средбата и беа поконкретни во своите напади, а Пјонтек во 39-тата минута им донесе предност. Сепак, целиот труд на Милан пропадна во вода во вториот дел од средбата на „Алијанц“ стадионот во Торино. Дибала во 60-тата минута реализираше пенал, откако неговиот сонародник Мусакиот претходно направи фаул во казненаата зона врз офанзивецот на Јуве.

За трите бода погоди младиот Мојзе Кен, токму фудбалерот кој го замени Дибала, стрелецот на првиот гол, а италијанскиот напаѓач во 84-тата минута ја смести топката зад грбот нан искусниот Реина.

Јувентус со оваа победа и дефинитивно е старо-нов шампион на Италија, бидејќи засега имаат 21 бод предност во однос на второпласираниот Наполи, а екипата која ја предводи Карло Анчелоти допрва треба да одигра меч со Џенова. Што се однесува за Милан, тие го претрпеа седмиот пораз сезонава и си го загрозија четвртото место, кое засега го држат со 52 бода, а со еден бод зад нив е Аталанта.

- Оглас -

Најнови вести