Кени Далглиш стана витез

Ексфудбалерот и поранешен менаџер на Ливерпул, Кени Далглиш, ја доби титулата Сер од страна на принцот на Велика Британија, Чарлс. Далглиш го прими одличјето на церемонијата која се одржа во Бакингамската палата. Титулата Сер ја доби за својот придонес во фудбалот, но и за редовно учество во донации.

Како фудбалер, Сер Кени беше дел од тимот на Ливерпул во освојувањето на три европски титули во период од седум години. Успешна кариера имаше и како предводник на „црвените“, како и Блекбурн роверс. Со помош на неговата за добротворни цели, Далглиш со неговата сопруга Марина успеа да собере над 10 милиони фунти, средства кои беа наменети за семејствата на жртвите кои ги загубија животите во трагедијата во Хилсборо.

Покрај Далглиш, на церемонијата свои одличја добија и актерот Том Харди, историчарката Луси Ворсли, фудбалерот на Бурнемаут, Џермејн Дефо и бизнисменката Џо Мелоун.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести