Кепа додека не си оди од Челзи, нема да мрдне од ова место (фото)

Уште еден натпревар и уште една сочувана мрежа за Едуар Менди откако застана на голот на Сините. Сенегалскиот чувар на мрежата во својот седми настап за Челзи по шести пат заврши без примен гол, односно во пет последователни натпревари го запиша овој учинок.

На „Стемфорд бриџ“ ваква статистика на голман не е забележана од сезоната 2009/10, кога за Сините бранеше Петр Чех, човекот кој гарантираше дека Менди ќе биде добра инвестиција, што засега така се потврдува. Точно по една деценија, Челзи успеа да не прими гол во првите три кола од ЛШ, нешто што не им успеа на Тибо Куртоа и Кепа Аризабалага.

По одличните настапи на Менди, за најскапиот голман во светот дефинитивно е завршена кариерата во Лондон. Во изминативе триесетина дена редовно ги следи мечевите од трибини, а се чини дека таму ќе остане сè додека не најде нов клуб.

- Оглас -

Најнови вести