Ќерката на Мајк Дин нема време да го проследи неговиот јубилеј

Дуелот Арсенал – Шефилд јунајтед (16ч) ќе биде посебен за главниот арбитар Мајк Дин. Дин на „Емирати“ ќе го суди 500-от натпревар во неговата кариера во англискиот шампионат, но на денот кога тој слави јубилеј, неговата ќерка нема да присуствува.

Што е причината? Семејството Дин се познати како навивачи на Транмере, се сеќаваме на видеото на кое се гледа како Мајк лудува на трибините за време на еден меч на англискиот нисколигаш. И неговата помала ќерка Британи исто така навива за овој клуб, па одлучила да присуствува на нивен натпревар кој се игра во исто време, наместо да биде со мајката и постарата сестра на стадионот во Лондон.

„Овој натпревар за мене секако ќе биде посебен, но мора да се биде професионален до самиот крај. Мојата сопруга Керен и постарата ќерка Зара, како и мојот внук Харви ќе бидат на трибини, но не и помалата ќерка Британи. Таа нема да дојде бидејќи во ист период игра Транмере, а тие натпревари за неа секогаш се приоритет“, истакна Дин.

Педесет и едногодишниот арбитар додаде дека за меч кој најмногу ќе му остане во паметење е оној на Манчестер сити и КРП во 2012 година, кога Граѓаните со голот на Агуеро во судиското надополнување стигнаа до титулата во Англија.

- Оглас -

Најнови вести