Кеси е првиот фудбалер кој се согласи да си замине од Барселона поради Меси

Иако доби зелено светло од Ла Лига да достави официјална понуда за Лионел Меси, Барселона сепак по итна постапка ќе мора да продаде неколку фудбалери на кои тренерот Чави Ернандес нема да смета идната сезона.

Каталонскиот тим има проблеми со финансискиот ферплеј и буџетот за плати надминува 70 отсто од вкупниот буџет на клубот, колку што е дозволено според Ла Лига, и поради тоа мора да бидат продадени неколку играчи.

Прв фудбалер кој прифати да си замине е Франк Кеси, кој минатата година на „Камп ноу“ пристигна како слободен играч. Но, тренерот Чави во разговор со Кеси и останатите фудбалери им порачал дека не може да им гарантира дека ќе играат редовно следната сезона, како и дека нема да имаат важна улога во тимот и поради тешката финансиска ситуација, клубот мора да ги продаде.

Првиот кој се согласил да си замине е токму Кеси, за кого Барселона веќе има неколку понуди, но бара отштета од 35 милиони евра.

Повикот да се согласат да бидат ставени на трансфер-листата го одбиле Ансу Фати и Феран Торес, кои засега немаат понуди кои ги задоволуваат нивните апетити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести