Кецови од Глазгов до Пиреја

2856 Олимпијакос – Атромитос (18.30 часот)

Ова е дуел од осминафиналето на Грчкиот куп и логиката кажува дека домашните треба да победат. Големиот фаворит Олимпијакос ги пропушти претходните рунди, сега се вклучува во натпреварувањето и ќе се обиде без премногу трошење на сила да обезбеди предност пред реваншот кој се игра на 10 јануари. На последните седум меѓусебни дуели, Атромитос не успеваше да му даде гол на Олимпијакос. Последен пат се сретнаа пред два месеца и Олимпијакос победи со 2-0.

Предлог тип: 1 & 2-3 (2.60)

 

8005 Црвена ѕвезда – Армани Милано (19.00 часот)

Српскиот првак е во голема победничка серија откако на клупата седна тренерот Душко Ивановиќ, Ѕвезда се вмеша во битка за место во плејофот во Евролигата, а позитивниот биланс ќе се обидат да го продолжат и против Манекените кои се последни на табелата со скор 3-10 и имаат црна серија од девет порази по ред. Проблем за Милано е повредата на Шилдс. На завчерашните мечеви, Ѕвезда и Милано даваа по 70-тина поени.

Предлог тип: 1 & >146.50 поени ()

 

9293 Нант – Барселона (20.45 часот)

Тука станува збор за дуел на две поранешни екипи на нашата ракометна легенда Кирил Лазаров, а како и секогаш кога игра Барса, овој тим е фаворит. По девет кола во ракометната ЛШ, Барса има 8 победи и едно реми, а Нант е на 6-3, но два од трите порази им се во последните четири кола. Францускиот тим е беспрекорен сезонава на свој терен, ги доби сите мечеви и во домашното првенство и во ЛШ, но Барселона се бори за прво место во групата и знае како е да се победува во Нант, на последните две посети таму триумфираше со 7 и 8 гола разлика.

Предлог тип: Т2 >33.50 (1.85)

 

6703 Арсенал (ж) – Лион (ж.) (21.00 часот)

Овој меч треба да биде клучен околу тоа кој ќе го освои првото место во групата Ц од женската Лига на шампиони. Арсенал пред два месеца славеше убедливо на гостувањето во Лион со 5-1 и има три бода повеќе од вечерашниот гостин, кој според квотите е благ фаворит. Арсенал сезонава не знае како е да се прими повеќе од еден гол на меч. Пораз на Лион може да му го загрози второто место, но Французинките можеби ќе треба да се вадат на друго место.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.79)

 

1241 Глазгов ренџерс – Хибернијан (21.00 часот)

Во Шкотска се игра Премиер лигата, ова е 16-ти меч сезонава за Ренџерите кои имаат девет бода помалку од лидерот Селтик и најверојатно ќе мора да се задоволат само со второто место сезонава. Во последните пет кола, Ренџерс победи само двапати. Хибернијан е осми на табелата (во лигата има 12 тима) и загуби на четири од последните пет лигашки мечеви. Ренџерс има речиси двојно повеќе постигнати голови од Хибернијан, но летоска во Единбург нивниот дуел заврши 2-2.

Предлог тип: 1 & 2-5 (1.68)

- Оглас -

Најнови вести