Кевин Дурант сака кариерата да ја заврши во Барселона

Кошаркарот на Бруклин нетс, Кевин Дурант, на својот колега Серж Ибака, кој беше во улога на новинар, му изјави дека би сакал последната сезона во кариерата да игра во Евролигата. Шпанецот Ибака го потпраша дали би сакал да игра во неговата земја, на пример во клубот Барселона, а Дурант одговори потврдно.

„Навистина би сакал во мојата последна сезона во кариерата да играм во Европа. На пример, во Барселона. Евролигата е втора најсилна лига на светот, мечевите се многу интересни, затоа, зошто да не пробам. Не тврдам дека ќе го направам тоа, но би било фино искуство“, изјави 31-годишниот Дурант, кој има повреда и долго ќе отсуствува откако Голден стејт го замени со Нетс.

Во моментов во Барса има три поранешни НБА-играчи, тоа се: Никола Миротиќ, Алекс Абринес и Виктор Клавер. Дурант на терен ќе се врати дури следната сезона и треба да се види како паузата од речиси една година ќе влијае на неговата форма и дали е на повидок крајот на неговата кариера со зголемување на шансите навистина да заигра во некој европски клуб.

- Оглас -

Најнови вести