Кевин Лав веќе не може да издржи во Кливленд – урла, удира, нервозно фрла топка (Видео)

Ако на ветеранот Кевин Лав намерата му е да ја натера управата на Кливленд кавалирс да го продаде, изгледа на добар пат е да го реализира планот. Неговото однесување на мечот на Коњаниците против Оклахома сити, беше благо кажано скандалозно и срамно.

Тој за време на тренинг, пред сите и тоа на висок тон, му кажал на генералниот менаџер Коби Алтман, дека клубот не оди во добра насока. На дуелот со Тандер, Колин Секстон долго ја тапкаше топката и немаше идеја што да направи, па Лав ги крена рацете, побара да му биде додадена топката и нервозно ја фрли кон друг соиграч.

После мечот, Лав објави слика на која се гушка со Секстон и порача дека нема ништо против клупскиот колега.

Пред некој ден, Лав својот бес и фрустрација им ги истури брз едно столче, за време на тајм-аут на дуелот со Торонто. Беше казнет со 1.000 долари, а неговиот одговор беше чуден: „Само напред, казнувајте ме. Имам еден куп пари“. Договорот со Кливленд му е до 2022 година, но сака по секоја цена да си замине предвреме.

- Оглас -

Најнови вести