Киево замрзна на минус еден, Пјатек и донесе победа на Џенова

Пјатек-манија повторно владее во Џенова, а полскиот репрезентативец Кшиштоф Пјатек со два гола и донесе победа на Џенова против Фросиноне од 2:1, на гостински терен.

Пјатек одлично реагираше во клучните 180 секунди, од 33. до 36. минута и со гол ги награди двете асистенции на Кваме за победа на Џенова. Чиано со гол од пенал намали за Фросиноне во 41. минута, а тоа е првиот гол за оваа екипа во Серија А. За Пјатек ова е десетти гол во сите натпреварувања за Џенова, откако пристигна во својот нов клуб летово.

Горан Пандев играше за гостите до 68. минута кога беше заменет. Џенова сега е на делба на шестото место со Лацио и двете екипи имаат по 12 бодови, но тимот на Пандев е со меч помалку.

Замрзнат на минус еден бод остана Киево, по денешниот пораз од Торино. Летечките магариња се казнети со минус три бодови и не успеваат да ја надополнат негативата и по 7 одиграни кола во Калчото. Денеска ги победи Торино со голот на Симоне Заза во 88. минута.

Фиорентина со 2:0 ја победи Аталанта, а вечер играат и Парма со Емполи и Сасуоло против Милан.

- Оглас -

Најнови вести