Кил го доби мечот кој никој не сака да го игра

Кил на пенали беше подобар од Веспрем, и го освои третото место во ракометната Лига на шампиони. Во регуларниот дел, средбата заврши 34-34.

Унгарскиот тим беше подобар во првото полувреме кое го доби со 18-14, Веспрем водеше со четири разлика и во средина на вториот дел, но Кил во финишот се разигра и успеа да се избори за реми. Всушност, Веспрем се извлече од пораз, затоа што даде гол од пенал во последната секунда и дуелот го одведе во изведување седмерци.

Во пеналите, Кил беше подобар со 3-1. Голманот Никлас Ландин одбрани два пенали и беше јунак на средбата.

- Оглас -

Најнови вести