Кил ја уби победничката серија на Веспрем

Кил го победи Веспрем со 29:28 во дербито на групата Б во Лигата на шампионите и успеа да ја сопре победничката серија на Унгарците.

Во меч во кој нашиот репрезентативец Дејан Манасков го одигра стотиот меч за Веспрем, гостите имаа шанса да извлечат реми, но не успеаја да го реализираат последниот напад на мечот.

По оваа победа сигурно е дека Кил ќе биде прв во групата бидејќи има 18 бода, четири повеќе од Веспрем, а и двапати ги победи Унгарците во меѓусебните мечеви.

Актуелниот европски првак Вардар го игра клучниот меч во оваа група во сабота, против Мотор во Скопје и со победа ќе обезбеди настап во плејофот.

- Оглас -

Најнови вести