Кин нема дилеми: Играчите го фрлија Мурињо под автобус, истото го чека и Оле

Рој Кин очекува и Оле Гунар Солскјер да биде „жртва“ и виновник за лошите игри и резултати на Манчестер јунајтед, а вели дека го чека истата судбина како и Жозе Мурињо.

Дебаклот од 1:6 на Црвените ѓаволи против Тотенхем ги разлути поранешните асови на најтрофејниот клуб во Англија, па Патрис Евра дури и се расплака пред камерите, а сега и Кин реагира во свој стил. Без компромис ги посчочи винивниците за поразот од 1:6, еден од најтешките во историјата на 20-кратниот англиски првак.

„Играчите го фрлија Мурињо под автобус,да биде прегазен, а истото го прават и со Оле. Срамно е како играа и како се однесуваа во дресот со симболите на голем клуб каков што е Манчестер јунајтед“, вели Кин.

Ирецот беше еден од најборбените фудбалери во златната ера на Црвебите ѓаволи, кога под команда на Сер Алекс Фергусон се освојуваа титули на сите фронтови.

Манчестер јунајтед со Кин во составот и буквално газеше немилосрдни во Премиерлигата и освои 7 титули, а Рој има уште пет пехари во ФА купот, четири во Комјунити Шилд, една во Лигата на шампионите и уште една во Светскиот клупски куп на ФИФА.

- Оглас -

Најнови вести