Кинезите се чудеа, спектакуларен гол со ножички во мрежата на Шангај (Видео)

Францускиот фудбалер Ромен Алесандрини постигна прекрасен гол со ножички, со што ги одбележа денешните мечеви во кинеската фудбалска суперлига. Погодокот на Алесандрини беше само утешен, за намалување на 1-2, но беше многу поубав од двата погодоци на Шангај СИПГ кои ги постигнаа ѕвездите Марко Арнаутовиќ и Хулк.

Алесандрини сезонава игра за Чингдао Хуангхаи, а во минатото настапуваше и за Рен, Олимпик Марсеј и Лос Анџелес галакси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести