Кинезот што испиша историја и освои АТП-турнир за една година напредуваше за неверојатни 1.811 места!

До пред неколку дена малку се знаеше во светот за кинескиот тенисер Јибинг Ву, а сега, откако тој стана прв Кинез со освоена титула на АТП-турнир, стана хит меѓу љубителите на тенисот и излегуваат детали кои потврдуваат дека неговата приказна е интересна.

Ву е 23-годишен и откако го освои АТП 250 турнирот во Далас со драматичниот триумф во финалето над Џон Иснер, од денеска е 58-ми на АТП-листата на најдобри светски тенисери, а лани во март беше дури 1.811 позиции подолу.

Кинезот својата спортска кариера ја почнал со еден друг рекет, оној за бадминтон, но го напуштил овој спорт затоа што му пречело што мрежата е многу висока. Еден од идолите му бил кошаркарот Јао Минг, со кого имал прилика и да се сретне на еден промотивен настан, па имаат и заедничка фотографија.

Во Кина нема важни тениски турнири, можеби сега ќе се смени тоа.

„Среќен сум што испишав историја во мојата земја. Се надевам дека оваа победа ќе им помогне на новите генерации. Мора да останам здрав, ако успеам во тоа, сигурен сум дека пред мене се уште многу успеси“, изјави Ву, кој не сака многу да се забавува и слуша претежно азиска музика, а пасија му е готвењето и обожува да гледа емисии во кои се подготвува јадење.

- Оглас -

Најнови вести