Кирил Николовски како во најдобрите денови, но МЗТ не му дозволи да се израдува

Одличното офанзивно издание на Кирил Николовски, кој постигна 29 поени, не беше доволно за Кожув да приреди изненадување на гостувањето кај МЗТ Скопје Аеродром. За актуелниот првак, ова е прва победа сезонава, откако загубија од Пелистер на стартот, а гевгеличани имаат скор 0-2.

Во победата на МЗТ од 89-71, шест различни поединци на Штрковите имаа двоцифрен број на поени (даваа од 10 до 14 поени). Кај Кожув, освен Николовски, двоцифрен беше само уште Вилијамс со 14 поени.

Следен предизвик за МЗТ е настапот на првиот турнир од АБА 2 лигата, натпреварување во кое Македонија ќе ја претставува и битолскиот Пелистер.

- Оглас -

Најнови вести