Кирјос фрлаше по судијата, а потоа имаше уникатен изговор (Видео)

Ник Кирјос се пласираше во четвртфиналето на АТП турнирот во Вашингтон, но повторно во центарот на вниманието беше еден негов неспортски потег. Австралискиот тенисер без поголеми проблеми со 2:0 во сетови го победи Јосихита Нишиока, а следен негов противник ќе биде Норберт Гомбос од Словачка.

На дуелот против Нишиока, во една ситуација Кирјос својата нервоза ја покажа фрлајќи шише со вода кон столот на главниот судија. Кога реагираше судијата на ваквото однесување на Кирјос, тенисерот имаше објаснување за својот потег.

„Ми испадна шишето од рака“, беше објаснувањето на Кирјос.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести