Кирјос најде начин како да го „уништи“ Новак Ѓоковиќ (Видео)

Ник Кирјос е тенисерот кој продолжува едноставно да нема никаков респект кон Новак Ѓоковиќ. Австралиецот со грчко потекло направи уште едно шоу за време на подготовките за АТП-турнирот во Вашингтон, кој започнува следната недела.

Едно момче го застана Кирјос и побара од него да му даде автограм на маицата која ја носеше. Тогаш Кирјос едноставно збесна. На маицата пишуваше Новак, а Кирјос без размислување го зема маркерот и започна да ја шкрта цела маица и да го прецртува името на најдобриот тенисер во светот.

„Еве што мислам за тебе и за твојата маица“, викаше Кирјос, додека момчето се смееше и ја снимаше реакцијата на тенисерот.

https://twitter.com/tweener_head/status/1154282474123464704

Пред финалето на Вимблдон, Кирјос јавно кажа дека ќе навива за Федерер бидејќи никако не сака Ѓоковиќ да ја освои титулата. Ник неодамна образложи и зошто толку многу го мрази Новак.

„Имам чувство дека има болна потреба да биде сакан. Сака да биде како Роџер. Има таква желба да ги натера луѓето да го сакаат, а јас тоа не можам да го поднесам. Тој начин на прослава со праќање на срца по победата е едноставно додворување. Дури и да освои повеќе гренд слем титули од Федерер, за мене тој никогаш нема да биде најдобар. Играв двапати против него и го победив. Како може да биде најдобар на сите времиња, а не може да ме победи мене“, неодамна изјави Кирјос.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести