Кирјос побара совет од гледач и тоа му помогна да стигне до финалето (Видео)

Ник Кирјос се пласираше во финалето на АТП турнирот во Вашингтон, откако во неизвесен меч го победи Стефанос Циципас со 2:1 во сетови. Кирјос го доби првиот сет со 6:4, но во вториот загуби со 3:6. ГОлема драма имаше во решавачкиот трет сет кој мораше да се реши во тај-брејк. При резултат 8:7, Кирјос имаше сервис за финале. Пред да сервира, еден од најконтроверзните тенисери, замина до првиот ред кај публиката и побара совет од еден од гледачите.

По краток разговор, Кирјос одлично сервираше и го освои поенот за пласман во финале, каде го очекува Даниел Медведев. Финалето се игра вечерва во 23 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести