Ќиро Блажевиќ се бори со тешката болест: Ракот се шири, сакам само да си заминам без болки

Најголемиот хрватски фудбалски тренер, 86-годишниот Мирослав Ќиро Блажевиќ, обелодени дека во септември му се врати тешката болест, ракот е запрен на три места, но почнал да му се шири на коските и ребрата, а најголема желба во моментов му е да почине без да трпи болки.

Ќиро е среќен што Хрватска се пласира на Мундијалот во Катар, ги пофали и Србите за пресвртот против Португалија, смета дека селекторот Драган Стојковиќ е најзаслужен за успехот, но го преокупира здравствената состојба.

„Кога го дадовме голот со Русија, болката на кратко исчезна и бев како оздравен. Ме направија горд. Помирен сум со мојата ситуација. Единствено што сакам е да заминам без болки. Имам низок праг на толеранција на болка“, посакува легендата, кој уште од 2011 година се бори со карциномот.

- Оглас -

Најнови вести