Ќиро Блажевиќ во свој стил ја коментира ситуацијата со Коронавирусот

Хрватската тренерска фудбалска легенда Мирослав Ќиро Блажевиќ е познат по ведрината и смислата за хумор, а околу Коронавирусот вели дека ги слуша препораките бидејќи според него, ако се зарази, тоа би било крај на неговиот живот.

„Јас сум во ризичната група и ако се заразам, нема да се извлечам. Си седам дома, дисциплиниран сум. Е…. е сине мој. Се молам да не бидам закачен од ова зло бидејќи ако ме фати, ќе отидам на оној свет. Инаку, сега повеќе ми фали излегување во чаршија отколку кога бев во затвор во Франција“, вели 85-годишниот Блажевиќ.

Што се однесува до земјотресот во Загреб, Блажевиќ вели дека било страшно и дека такво лулање немал ниту на брод, па се исплашил дека ќе биде поклопен од ѕидовите.

- Оглас -

Најнови вести