Кјелини: Атлетико игра како италијански, а не шпански тим

Џорџо Кјелини, капитенот и најискусен дефанзивец на Јувентус, во пресрет на вечерашнот осминафинален дуел против Атлетико Мадрид, рече дека „јорганџиите“ според стилот на игра, многу повеќе личат на италијански, отколку на шпански тим.

Кјелини, кој има 34 години, посакува вечерашното гостување на „Ванда Метрополитано“ да биде прво од двете во период од неколку месеци и повторно да се врати тука на први јуни, кога ќе се игра финалето на Лигата на шампионите.

„Се надевам дека ова нема да ни биде последен меч на ‘Ванда’ сезонава. Сакаме да ја освоиме ЛШ, но нема да биде лесно. Ждрепката не ни беше наклонета, добивме противник кој има слични вредности, идеали и карактеристики како нас. Атлетико има повеќе италијанска отколку шпанска филозофија. Не играат како Барселона, но непредвидливи се, го имаат Гриезман, кој прави разлика на теренот“, изјави Кјелини, кој ќе има дуели со пријателот Алваро Мората, со кого стигнаа до финалето на ЛШ пред четири години.

- Оглас -

Најнови вести