Кјелини го прогласи Рамос за најдобар дефанзивец во светот, а фаулот против Салах за ремек-дело

Една од актуелните теми во Италија, а и спортскиот свет е автобиографската книга на Џорџо Кјелини. Првите извадоци открија неколку контроверзни детали и ставови на искусниот дефанзивец на Јувентус за некои негови поранешни соиграчи, но Кјелини во книгата пишувал и за Серхио Рамос, капитенот на Реал Мадрид.

Според Кјелини, Рамос е најдобар дефанзивец во светот, а фаулот кој го направи врз Салах во финалето од ЛШ во 2017 година е ремек-дело.

„Рамос е најдобар стопер во светот. Тој многу добро знае како да биде клучна фигура во важни натпревари со намери какви што надминуваат граници. Таков пример е фаулот над Салах во финалето против Ливерпул во 2017 година. Тоа беше негово ремек-дело, иако Рамос оттогаш се правда како не му било намерата да го повреди Египќанецот. Но, факт е дека доколку не ја пуштиш раката на противникот при таков пад, во 9 од 10 случаеви постои ризик да го повредиш“, стои во биографската книга на Кјелини.

Повредата со која се здоби Салах во воведот од мечот го одреди понатамошниот тек на финалето, а Кралевите со резултат од 3-1 ја нанижаа 13-тата и засега последна европска круна.

- Оглас -

Најнови вести