Кјелини: Навивав за Милан, но кога пораснав, станав попаметен

Италијанскиот фудбалер Џорџо Кјелини на денешната необична прес-конференција на која тој одговараше на прашања на група деца изјави дека во минатото навивал за Милан, но сега нема поголем фан на Јуве од него.

„Кога бев дете, навивав за Милан, но кога пораснав, станав попаметен. Малдини ми беше омилен играч. Имам брат близнак, тој секогаш навиваше за Јувентус, па можете да си замислите колку беше среќен кога станав член на Јуве. Веднаш кога дојдов во Јувентус, се заљубив во клубот и сега тешко дека можете на најдете поголем фан на Јувентус од мене“, рече Кјелини.

Кјелини на децата им кажа и дека по фудбалот, омилен спорт му е кошарката. Најнезаборавен меч му е кога дебитирал за Јуве и иако играл 10 минути, вечно ќе ја памети таа победа над Месина од 3-0. За најтежок противник за чување го кажа Ибрахимовиќ, бидејќи не ги смета Меси и Роналдо, кои се „вонземјани“.

- Оглас -

Најнови вести