Кјелини: Трансферот на Бонучи беше нелогичен, барем да отидеше во Реал, а не во Милан

Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Кјелини, во својата автобиографска книга напиша дека бил во шок кога дознал дека Леонардо Бонучи направил трансфер во Милан во летото 2017 година. Бонучи на „Сан Сиро” остана само една сезона, а потоа се врати во редовите на Старата дама.

„Неговата одлука да прејде во Милан беше грешна и нелогична. Тој беше потресен од повеќе причини, имаше илјадници мисли во главата, и се чувствував лошо што овој трансфер се случи во период кога се немавме видено. Ако се случеше во друг момент, сигурен сум дека ќе го спречев да замине таму. Секогаш си заминуваат кога ме нема. Одлуката му беше нелогична. Ќе го разберев да отидеше во Реал Мадрид, но во Милан? Зошто? За среќа, работите се вратија како претходно” – напиша ветеранот Кјелини и долгогодишен партнер на Бонучи во одбраната на Јуве.

По камбекот во италијанскиот првак, Бонучи потпиша договор со 2024 година, па големи се шансите кариерата да ја заврши како член на гигантот од Торино.

- Оглас -

Најнови вести