Кјеза е херојот на Јувентус, Халанд испишуваше историски рекорди (Видео)

Борусија Дортмунд е првиот четвртфиналист во Лигата на шампионите. Милионерите вечерва дома одиграа 2-2 со Севилја и тоа беше доволно за пласман понатаму.

Двата гола за Борусија беа дело на Ерлинг Халанд, кој стана најмлад играч со 20 гола во ЛШ, играч кој убедливо најбрзо дошол со бројка од 20 гола (после само 14 настапи во ЛШ), а стана и прв играч кој на четири меча по ред во ЛШ дава барем по два гола. Машината за голови малку се занесе при вториот гол од пенал, па доби жолт картон за неџентлеменскиот однос.

Јувентус после 90 минути го победи Порто со 2-1, па ќе мора да се играат продолженија. Порто е во незгодна позиција бидејќи има човек помалку на терен. Двата гола за Јуве ги даде Федерико Кјеза, кој беше стрелец и на првиот меч.

Ова е голот со кој Кјеза му донесе водство на Јуве од 2-1:

https://twitter.com/i/status/1369399253165084674

- Оглас -

Најнови вести