Класата е вечна: 10-та рекордна титула за Федерер во Базел (видео)

Роџер Федерер уште еднаш потврди зошто е најдобар тенисер на сите времиња. Во родниот Базел, Федерер стигна до вкупно 112-тата титула во кариерата, односно ја освои рекордната 10-та титула на АТП 500 турнирот.

Во своето 15-то учество во финалето на овој турнир, Федерер за рекордот славеше против Алекс Де Минур по два сета со идентични 6-2, 6-2. Швајцарецот имаше ист рецепт во двата сета, доволни му беа четири брејка за славје, воедно ја искористи првата прилика за победата.

Да биде уште поимпресивен неговиот поход кон новото одличје, Федерер не загуби ниту еден сет во четирите меча кои ги одигра, а еден дуел прескокна поради што сонародникот Вавринка ја откажа четвртфиналната пресметка.

https://twitter.com/atptour/status/1188474659894890496

- Оглас -

Најнови вести