„Кластер“ Македонија – Данска, Миркуловски и тројца Данци позитивни на Ковид-19

Ракометниот бундеслигаш Вецлар, објави дека македонскиот репрезентативец, Филип Миркуловски, е позитивен на коронавирус. Повратникот во националниот тим играше против селекцијата Данска, а засега има потврдено и тројца дански ракометари дека се позитивни на Ковид-19.

„Филип Муркуловски е позитивен на коронавирус поради што ќе биде надвор од тимот во следните две седмици. Миркуловски по враќањето од репрезентацијата немаше контакт со ниту едно лице од Вецлар“ – објавија неговиот клуб.

Од данската селекција, Ханс Линдберг, Ласе Мелер и Јакоб Холм се позитивни на коронавирус, а браќата Ландин, Халд и Менса Ларсен исто така се во изолација и не смеат да излегуваат од дома, додека Мелгард кој имал најблизок контакт со Линдберг, исто така ќе биде во изолација.

- Оглас -

Најнови вести