Клинсман предизвика скандал: Во репрезентацијата повика фудбалер кој е во затвор!

Легендата на германскиот фудбал, Јирген Клинсман, предизвика вистински скандал, бидејќи на списокот со повикани фудбалери за репрезентацијата на Јужна Кореја се најде и фудбалер кој во моментов е во затвор во Кина.

Се работи за фудбалерот Јун Хо Сон, кој во моментов е во затвор во Кина, а како што објавија властите на оваа земја, тој е уапсен поради примање мито. Се претпоставува дека фудбалерот на Шандонг добивал пари за да мести натпревари, но официјална потврда за вакво нешто нема.

Јужна Кореја на 16 јуни ќе игра пријателски натпревар против Перу, а Клинсман се надева дека фудбалерот дотогаш ќе биде ослободен и ќе може да настапи за репрезентацијата.

„Не знаеме во каква физичка и психичка состојба е. Секој ден се надеваме дека нешто ќе се промени, но ништо не е во наша моќ. Ја има комплетната наша поддршка. Фудбалскиот сојуз на Јужна Кореја се обидува да издејствува негово ослободување од затвор. Досега обидите се неуспешни“, изјави Клинсман пред корејските новинари.

- Оглас -

Најнови вести