Клиперс ја брка 13-тата победа по ред против Орландо, првиот пик на драфтот ја чека првата радост

Атланта – Вашингтон (00:00 ч.)

Атланта е тимот со втората најслаба одбрана во лигата. Тоа се приметува и на последните пет меча кога Јастребите четири пати примија 120+ поени. Вашингтон е тим кој има теоретски шанси да се надева за место во плејофот, но фактот дека тимот од главниот град на САД има само шест победи на гости во 24 меча не дава голема надеж за нив.

Јастребите дома се очајни и само шест пати ги израдувале навивачите во 22 средби. Двете екипи имаат проблеми со повредени играчи. Едноставно ова ќе биде меч на кој ќе победи оној тим кој помалку ќе згреши, но иако имаат слаби одбрани, фактот дека границата е ставена на 240,5 не тера да одиграме на минус поени.

Предлог тип: <240,5 (1.90)

 

Њу Орлеанс – Бостон (00:00 ч.)

На овој меч очекуваме првиот пик на драфтот за оваа сезона, Зион Вилијамсон да се израдува и на првата победа во НБА. Зион пропушти половина од сезоната поради повреда, а на дебито против Сан Антонио покажа дека има квалитети. За негова жал, Њу Орлеанс ги загуби мечевите против Сан Антонио и Денвер, па средбата против Бостон е трета среќа за првиот пик на драфтот и тоа пред своите навивачи.

Традицијата од меѓусебните дуели покажува дека двата тима треба да дадат над 100 поени, а Бостон може да се пофали дека победил на поседните пет средби, што е уште еден мотив повеќе за Пеликаните да ја прекинат лошата низа, против еден од најдобрите тимови на Истокот.

Предлог тип: 1 (2.10)

 

Њујорк – Бруклин (00:00 ч.)

Двата тима се во лоша форма. Њујорк има само две победи во последните 12 меча, додека Бруклин се радувал три пати во последните 15 дуели. Според традицијата и малкуте постигнати поени на последните пет меѓусебни меча, но и фактот дека гостите се без поврдениот Кевин Дурант, ова е дуел кој не би требало да има над 221,5 поени

Предлог тип: >221,5 (1.90)

 

Орландо – ЛА Клиперс (00:00 ч.)

Ова е меч на две екипи со различна филозофија. Орландо е орјентиран на одбрана, па не случајно го има вториот најслаб напад во лигата, додека Клиперс е тимот со вториот најдобар напад. Колку за споредба, двата тима досега одиграа 46 меча сезонава, а Орландо има дадено 4.777 поени, додека Клиперс реализирал 5.323 поени, односно речиси 6.000 поени повеќе.

Гостите се во подобра форма, а имаат и неверојатна серија од 12 победи по ред против Орландо. Магичните последен пат го победиле овој ривал во ноември 2013 година.

Предлог тип: 2 (1.65)

 

- Оглас -

Најнови вести