Клиперс со шут во последниот напад го победи Лејкерс, Томпсон го надмина Коби Брајант (Видео)

Неколку интересни мечеви се одиграа ноќеска во НБА-лигата. Лос Анџелес клиперс славеше во градското дерби против ЛА лејкерс со 111:110 во меч кој имаше драматична завршница.

Ентони Дејвис погоди за водство на Лејкерс на 12 секунди до крајот, а потоа топката ја зеде Реџи Џексон, кој погоди положување на четири секунди до крајот за победа на Клиперс.

https://twitter.com/i/status/1489471219103506435

Голден стејт славеше против Сакраменто со 126:114 и на тој начин се доближи до лидерот на Западната конференција, Феникс санс. Клеј Томпсон одигра одличен меч. Шутерот на Голден стејт постигна 23 поени, а шутираше со феноменално 73 отсто прецизност.

Томпстон погоди седум тројки од девет обиди и успеа да го помине легендарниот Коби Брајант на вечната листа на најмногу постигнти тројки во НБА.

Тре Јанг одигра одличен меч и постигна 43 поени за победа на Атланта во дуелот со најдобриот тим во лигата, Феникс санс. Јастребите победија со 124:115 и на Феникс му го нанесоа само 10-тиот пораз сезонава.

Сонцата имаа 10 победи во низа, но беа немоќни да го задржат одличниот Јанг и нивната серија застана во Атланта.

Резултати: Сан Антонио – Мајами 95:112, Деторит – Минесота 117:128, Торонто – Чикаго 127:120, Атланта – Феникс 124:115, Голден стејт – Сакраменто 126:114, ЛА лејкерс – ЛА клиперс 110:111.

- Оглас -

Најнови вести