Клиперс со тројка во последната секунда не дозволи да биде од готово вересија (Видео)

Лос Анџелес клиперс за малку ќе дозволеше да загуби речиси добиен меч. На дуелот против Бруклин, домаќините имаа предност од 116:106 само 62 секунди до крајот, но во последните секунди се случуваше вистинска драма. За толку кратко време, Бруклин успеа да направи серија од 10:0 и израмни на 116:116, а на семафорот стоеше дека има само уште пет секунди.

Клиперс побара тајм-аут, а Вилијамс реши да ја преземе одговорноста во свои раце. Играчот кој постигна 25 поени и беше најефикасен кај победничкиот тим, успеа да погоди тројка со звукот на сирената и на крајот сепак да донесе радост на домашните навивачи.

За тимот од ЛА ова е седма победа по ред, а посебен мерак му се направи на тренерот Дик Риверс, кој стигна до бројката од 300 победи во кариерата. Тој е само седми стратег со вакво постигнување.

Резултати: ЛА клиперс – Бруклин 119:116, Хјустон – Минесота 117:102, Мајами – Шарлот 93:75, Милвоки – Филаделфија 125:130, Детроит – Торонто 110:107, Орландо – Атланта 101:91, Сакраменто – Чикаго 129:102.

- Оглас -

Најнови вести