Кливленд го замрзна Драмонд, пет клуба веднаш реагираа за да го ангажираат

Кливленд кавалирс објави дека веќе не смета на Андре Драмонд, кој е еден од најробусните и најдобри центри во НБА-лигата.

Во Кливленд се надеваат дека ќе успеат да го трампаат Драмонд во мини-преодниот рок што е на ред месецов, а има доста заинтересирани клубови.

Дури пет екипи од НБА-лигата веднаш пројавија интерес да го ангажираат. Торонто репторс, Бруклин нетс, Бостон селтикс, Шарлот хорнетс и Лос Анџелес клиперс сакаат да го видат 208 сантиметри високиот центар во своите редови, сега само треба да најдат добитна формула од кошаркари што ќе му ги понудат на Кливленд кавалирс.

Драмонд беше деветти пик на драфтот во 2012 година, кога го одбра Детроит пистонс, екипа за која играше до 2020 година, кога се пресели во Кливленд.

 

- Оглас -

Најнови вести