Клоп: Ако играме одбрана како со Салцбург, Варди ќе ни даде пет гола

Неутралните навивачи уживаа во претставата која ја приредија Ливерпул и Салцбург, но на тренерот Јирген Клоп, чиј тим во првите кола од ЛШ прими пет гола, не му е забавно да гледа како противниците ја полнат мрежата на Црвените.

Германскиот стручњак веќе размислува на саботниот натпревар од Премиер лигата против Лестер, екипа која во своите редови го има Џејми Варди, еден од најдобрите англиски напаѓачи. Варди сезонава има дадено пет гола, а би можело да даде уште толку ако му се укаже прилика.

„Во првите 30 минути бевме феноменални. Потоа почнавме да губиме топки, Салцбург го користеше тоа. Дури откако ни изедначија на 3-3, повторно се разбудивме. Ова е важна лекција која мора да ја научиме. Сигурен сум дека Брендан Роџерс кога видел каква одбрана играме, мисли дека ако играме така и против неговиот Лестер, Варди ќе даде пет гола“, изјави Клоп.

- Оглас -

Најнови вести