Клоп: Артета за кратко време целосно го промени Арсенал

Ливерпул во понеделник навечер го пречекува Арсенал во дербито од третото коло во Премиер лигата. Англискиот првак веќе се соочи со Топчиите на стартот од сезоната во Комјунити шилд, натпреварување кое го освои Арсенал по изведување пенали.

Во пресрет на дербито на „Енфилд“, Јирген Клоп е воодушевен од работата на Микел Артета и имаше само пофални зборови за неговиот колега.

„Микел во кратко време покажа дека е фанстастичен стратег. Потполно ја смени структурата на тимот и атмосферата во соблекувалната. Арсенал има доста балансирана екипа која одлично се брани во систем 5-4-1, а има исклучително опасни напаѓачи кои добро ги користат контра-нападите“, истакна Клоп.

Вклучувајќи го поразот во Комјинити шилд, Црвените ги загубија последните два меча против Арсенал ако се смета мечот од минатата сезона кој заврши со конечни 2-1 на „Емирати“.

- Оглас -

Најнови вести