Клоп блокираше трансфер на напаѓач на Ливерпул

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, не дозволува младиот напаѓал Рајан Брустер да го напушти Ливерпул и да прејде во Њукасл. Клоп одбива да го пушти Брустер кај Чавките дури и на позајмица.

Според англиските медиуми, германскиот стручњак сака во својот тим да го има 20-годишниот Англичанец, кој играше добро на контролните мечеви, даваше голови, но го утна решавачкиот пенал во Комјунити шилд против Арсенал.

Њукасл се обрати со Ливерпул и го бара под наем Брустер, но засега нема ништо од тоа, а пречка е Клоп. Во минатата сезона, Брустер играше како позајмен во Свонси и даде 11 гола на 22 меча.

- Оглас -

Најнови вести