Клоп: До лани не ми се допаѓаше Суперкупот

Ливерпул и Челзи во средба (21 часот) за првпат сезонава ќе ги одмерат силите. Освојувачите на Лигата на шампионите и Лигата на Европа ќе се борат за трофејот од Суперкупот на УЕФА на арената на Бешикташ во Истанбул. За првпат во историјата две англиски екипи ќе се надигруваат за престижниот европски трофеј, со кој на еден начин се одредува најквалитетниот тим на Стариот Континент.

Во пресрет на спектаклот, предводникот на Црвените, Јирген Клоп, посочи дека се радува што неговиот состав има прилика да освои трофеј на стартот на новата сезона. Германскиот стратег воедно истакна дека претходно не го интересирале натпреварите од ова натпреварување.

„Би било добро да ја крунисаме нашата напорна работа со уште еден трофеј. Настапот во Суперкупот значи дека во изминатата сезона сме биле најдобри во Лигата на шампионите, а победа тука ќе ни даде самодоверба да целиме кон нови успеси. Минатите неколку години не ги следев овие натпревари бидејќи често бев во улога на поразен финалист, но сега е сосема различно“, вели Клоп.

Ливерпул во пресрет на дуелот со Челзи е голем фаворит на хартија, особено по начинот на којшто двете екипи ги стартуваа обврските во англискиот шампионат. Црвените триумфираа на домашен терен со 4-1 против Норвич, додека Челзи претрпе дебакл од 0-4 на гости кај Манчестер јунајтед.

Според коефициентите на Sport Life, „кецот“ има квота од 1.65, додека за евентуален триумф на Сините квотата е 5.20.

- Оглас -

Најнови вести