Клоп доби драстична казна, нема да може да го води Ливерпул во еден од клучните дуели

Англиската фудбалска федерација (ФА) реши да го казни тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, поради недоличното однесување на тренерот по дуелот против Тотенхем (победа од 4:3). Клоп влезе во вербална расправија со судијата Пол Тирни и го обвини арбитерот дека „имал агенда“ против неговиот клуб.

Поради овие коментари, дисциплинската комисија на ФА го казни Клоп со суспензија од два меча, а плус треба да плати парична казна од 75.000 фунти. Германскиот стратег нема да биде на клупата на Ливерпул за следниот меч, кога на „Енфилд роуд“ гостува Астон вила, додека вториот меч од суспензијата е условен. Таа казна би се активирала во случај Клоп да го повтори овој испад до крајот на следната сезона.

По 36 одиграни меча, Ливерпул има освоено 65 бода и е на петтото место, а мисијата е да стигне барем до четвртата позиција, која води во Лигата на шампионите за следната сезона. Клоп нема да биде на клупата во дуелот против Астон вила, но ќе биде предводник во последното коло, кога Ливерпул ќе гостува кај фенерџијата Саутхемптон.

- Оглас -

Најнови вести