Клоп: Добивме бокс во лице, загубивме меч што немаше начин како да го загубиме!

Речиси четири години Ливерпул не знаеше за пораз на својот „Енфилд роуд“ во Премиер лигата. Дури 68 меча немаше противници кои со високо кренати раце си заминале од легендарниот стадион, но тоа се смени вечерва. Барнли, тимот кој се бори за опстанок успеа да го победи Ливерпул на негов терен, и тоа со 1:0.

Тренерот на англискиот првак, Јирген Клоп, беше изненаден и не знаеше како да објасни за тоа што се случило на неговата екипа.

„Не знам доволно зборови на англиски јазик за да опишам како се чувствувам. Не се чувствувам добро. Добивме бокс во лицето. Имавме доминација, создававме шанси, но не постигнавме гол. Така му дадовме шанса на Барнли да даде гол. Алисон ми рече дека не го допрел Барнс, но што можам јас да направам. Мора да се фокусираме и да започнеме со правилна работа. Битката за титулата сега не е најважната работа за нас и затоа нема да зборувам за тоа“, рече Клоп по поразот на „Енфилд роуд“.

- Оглас -

Најнови вести