Клоп: Добро е, семејството нема пак да пати поради пораз во финале

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, конечно докажа дека не е губитник, иако некои така сакаа да го викаат пред ова финале. Германскиот стратег беше под голем притисок, бидејќи имаше шест финалиња по ред кои ги има загубено. Со Борусија Дортмунд губеше две финалиња на Куп на Германија и едно во Лигата на шампиони, а потоа со Ливерпул имаше ист биланс на неуспеси. Конечно вечерва, Клоп се радува.

„Многу сум среќен, најмногу поради моето семејство, бидејќи нема да патат. Тие секогаш патат кога ќе го загубам најважниот меч во сезоната. Ова е неверојатно. Ова е најдобрата ноќ во мојот живот. Конечно го освоивме трофејот“, рече Клоп.

Мохамед Салах, кој даде гол од пенал уште во втората минута, на шега изјави дека конечно успеал да одигра 90 минути во финале на ЛШ.

„Сите сме среќни. Мило ми е што оваа година одиграв 90 минути во финалето. Сите одигравме неверојатно. Ова е победа за нашите навивачи“, рече Салах.

- Оглас -

Најнови вести