Клоп „фатен на дело“, сега сите знаат што гледа на телефонот

Јирген Клоп додека чекаше на еден аеродром пред да замине на одмор со сопругата, на својот телефон пребаруваше вести поврзани со неговото име, а сето тоа е фотографирано од некој човек кој му пришол од позади и достави слика како доказ.

Клоп сакаше да види што се пишува за него, па на „Гугл“ си го напиша името и беше сликан. Се разбира, вести за Клоп на интернет има колку што сакате.

Харизматичниот Германец има посебен карактер, тоа го докажал во повеќе наврати, а откако ја освои Лигата на шампионите, веќе никој не може да му вели дека е губитник кој не знае да добива финалиња. По прославата на титулата, сега е на одмор, да се релаксира пред предизвиците кои го чекаат наредната сезона.

- Оглас -

Најнови вести