Клоп го искритикува британскиот премиер за лошото справување со коронавирусот

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, остро го нападна премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, за начинот на кој се бори со коронавирусот. Според германскиот фудбалски стручњак, Џонсон и британската влада се однесувале како да се од „друга планета”.

Велика Бртанија е една од земјите со највисока смртност предизвикана од вирусот ковид-19.

„Јас не сум гласал за оваа влада, таа е избор на други луѓе, но за мене проблемот е што видов какви се вестите во Англија и какви се во Германија. Ако вонземјаните гледаат од надвор, можеби ќе си помислат дека ние сме од различни планети. Лично, не разбрав зошто започнавме да носиме маски во затворени простори на 15-ти јуни, пет или шест недели после сите останати држави. Може да спориме дали маските помагаат или не, но во сите држави каде луѓето почнаа порано да носат маски, имаат помалку смртни случаи од Британија. Тоа е вистината” – вели Клоп.

Вечерва Ливерпул гостува кај Евертон во првиот нивен меч после паузата предизвикана од пандемијата. Црвените на Клоп се на шест бода од првата титула во Англија после цели 30 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести