20.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Клоп ги израдува навивачите со фантастични вести

Јирген Клоп ги израдува навивачите на Ливерпул со прекрасни вести околу враќањето на Вирџил ван Дајк на терените.

Одличниот стопер би можело да добие минутажа во пријателскиот дуел меѓу Црвените и Херта Берлин, кој е закажан за во четврток и ќе се игра во Инсбрук.

„Вирџил покажа одлични резултати за време на подготовките и делува спремно да заигра. Ќе видиме, има шанси да заигра против Херта“, посочи германскиот стратег.

Ван Дајк ја пропушти речиси целата мината сезона поради тешката повреда на коленото, за што мораше да биде опериран, а се нема појавено на терените од 17 октомври минатата година, по судирот со Џордан Пикфорд во градското дерби против Евертон.

- Оглас -

Најнови вести